Рудникот САСА со нов генерален директор

Македонска Каменица, 22.05.2018

Рудникот за олово и цинк САСА кај Македонска Каменица од пред пет дена е со нов генерален директор. На ова исклучителна позиција е назначен Олег Телној од Казахстан

Според информациите од рудникот, назначувањето на Олег Телној за нов генерален директор на САСА е дел од долгорочната  стратегија за развој на САСА поставена од страна на инвеститорот – компанијата Централ Азија Металс од Лондон.

„Новиот генерален директор на најголемата македонска рударска компанија е квалификуван инженер и искусен професионалец за финансиско и деловно управување во рударството, кој повеќе од 10 години извршувал одговорни задачи и функции во деловните операции на Централ Азија Металс. Тој на раководната позиција во САСА доаѓа од местото генерален директор на операцијата за експлоатација на бакар Кунрад во Казахстан, каде под негово раководство се постигнати одлични резултати“, стои во соопштението кое Истокпрес го доби од рудникот.

Зборувајќи за своите првични импресии Телној рече дека неговите првични импресии му покажале дека рудникот САСА располагал со голем потенцијал за натамошен развој.

„Во изминатиот период направени се сериозни вложувања во модернизација на рудникот, а постигнати се и значајни резултати во поглед на благосостојбата и безбедноста на вработените, како и во заштитата на животната средина, што остануваат наши клучни приоритети. САСА располага со искусен, стручен и посветен кадар и јас верувам дека преку заедничка соработка ќе ги оствариме сите поставени развојни цели на компанијата од што придобивки ќе имаат сите“, изјави новиот прв човек на САСА.

Тој е дециден дека компанијата под негово раководоство ќе продолжи со инвестициите во сите клучни сегменти со кои треба да се обезбеди уште поефикасно работење, а ќе продолжи и со натамошна реализацијата на општествено одговорни проекти важни за просперитетот на локалната заедница и земјата во целина.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе