СВЕТИ НИКОЛЕ: Домот на култура слави 50 години

Свети Николе, 19.11.2019

Денес е ден-празник на културата во Свети Николе. Најстарата институција од областа на културата,  Домот на култура „Крсте Мисирков“ слави 50 години постоење. По тој повод вечерва со почеток во 19 часот, во Домот ќе има голема свеченост со која ќе му се даде вистинското значење на овој храм на културата во Овчеполието.

-Да, подготвуваме убава прослава зашто големиот празник, половина век постоење на Домот на култура е нешто што тоа го заслужува. Во програма ќе учествуваат КУД „Јанко Глигоров“, Народниот оркестар при ова КУД и групата Вива Стрингс од Скопје. На луцата кои дали свој придонес во работењето на Домот ќе им доделиме благодарници, дипломи и плаќети, вели мартина Богданова, директорка на оваа установа од областа на културата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе