СВЕТИ НИКОЛЕ: Една година–Киноверзум, 45 филмови, 11.000 посетители

Свети Николе, 18.12.2020

Киноверзум, првото  3D кино во североисточниот, источниот и југоисточниот дел од нашата држава, , Киноверзум, прослави една година од отворањето. Всушност Киноверзум ги отвори своите врати за публиката на 14-ти декември 2019, и во првите три месеци од работењето имаше околу 10.000 посетители.

Киноверзум се наоѓа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе и работи секој ден.

Поради пандемијата Киноверзум не работеше 7 месеци но киното повторно ги отвори своите врати за публиката на 3-ти октомври 2020.

Досега во Киноверзум се прикажани над 45 филмски наслови од домашна и странска продукција пред публика од околу 11.000 луѓе. Киноверзум  во моментов работи секој ден со две проекции – од 19:00 и од 21:00 часот.

Програмата можете да се види на Фејсбук, Инстаграм или kinoverzum.mk.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе