СВЕТИ НИКОЛЕ: Промовирана книгата афоризми „Сизифе, смени го врвот“ од Димитар И.Вилазорски

Свети Николе, 27.05.2021

Во организација на Меѓународниот центар за славјанска просвета при Универзитетот „Гаврило Романович Державин“, во Свети Николе беше промовирана книгата афоризми „Сизифе, смени го врвот“ на авторот Димитар И.Вилазорски од Велес. Издавач е Меѓународниот центар за славјанска просвета, рецензенти се Перица Јокиќ и Љупчо Силјановски,, карикатурите се дело на Миро Ѓеорѓиевски, а технички уредник на книгата е Ана Ристова.

jor02            На промоцијата која ја отвори и ја водеше проф.д-р Јордан Ѓорчев, претседател на УО на Славјански, говореа искусните афористичарски асови Љупчо Сиљановски и Васил Толевски, а пред публиката се обрати и авторот.

-Инспирирани од митот за Сизиф некои светски истакнати есеисти, филозофи и писатели , секој на свој начин ја толкувале работата на Сизифа така што повеќето се согласуваат дека таа работа има единствена смисла во тоа што и самата е работа, човеков труд, иманентен за свесните и мислечки суштества , луѓето. За да на ги долови нивните размисли Димитар И.Вилазорски, еден од нашите познати трудбеници на полето на хуморот и сатирата се потрудил со свои коментари да ни претстави 57 врвни афористичари од нашата некогашна заедничка татковина, рече Силјановски.

Авторот со убави зборови и инспиративни афоризми му се заблагодари на издавачот потсетувајќи на фактот дека во време кога хуморот и сатирата во кои спаѓа и афоризмот речиси и да немаат место и поддршка во медиумите, се нашол еден човек, проф.д-р Ѓорчев, и една иснституција со која тој раководи, да ја помага оваа сфера од нашата култура создавајќи на Славјански едно преубаво катче-бибилотека во кое, како ретко каде, можат да се најдат и поголем број книги на наши автори од сферата на хуморот и сатирата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе