СДСМ: Цел слободарски Штип вечерва, во 19,30 часот на голем митинг на плоштадот

МАКЕДОНИЈА

Штип, 01.12.2016 год

Владимир Милошев, лидер на штипските социјалдемократи, од прес конференција одржана на плоштадот „Слобода“, ги повика сите штипјани, кои си ја сакаат слободата, правдата, еднаквоста, кои сакаат ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА вечерва да присуствуваат на големиот сенароден митинг на кој главен говорник е лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Во својот инспиративно обраќање до граѓаните на Штип Милошев рече:

-Десет години  ВМРО ДПМНЕ и фамилијата си поигрува со иднината на нашите деца, со иднината на нашата држава.  99% од населението во Македонија живее во сиромаштија, додека само 1% се богати и тоа за сметка на останатите. Докека ВМРО ДМПНЕ  ги одлева парите на граѓаните по своите сметки во странски земји, граѓаните одвај изнаоѓаат пари за да сврзат крај со крај.

Но ние имаме план за Македонија! План кој ќе обезбеди пристоен живот и иднина за младите во Македонија!

-просечна плата од 30.000 денари и минимална плата од 12.000 за сите работници!

-прекувремената работа на секој работник ќе биде платена,  работниците со навршени 60 години за жени и 62 години за мажи ќе имаат скратено работно време од 6 часа, а притоа ќе добиваат цела плата!

-подршка на домашните фирми преку државна подршка од 140 милиони евра за малите и средните претпријатија!

-320 грантови годишно во висина од 15.000 евра за најдобрите бизнис идеи;

-секој млад човек ќе добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието  или пак да избере платена пракса која ќе му овозможи подготовка за вработување;

-воведување на државна социјална  пензија за сите лица кои навршиле 65 години кои ги немаат исполнето условите за пензија, а живеат над 20 години во Македонија:

-секој граѓанин ќе добие поврат на ДДВ во висина од 15% што би значело дека во едно семејство годишно ќе се влева уште една просечна плата;

-радиодифузната такса ќе биде укината и на тој начин ќе спречиме граѓаните да бидат изложени на извршна постапка;

-враќање на дневната евтина струја со што ќе ги намалиме трошоците на граѓаните за електрична енергија;

-зголемување на средствата за земјоделски субвенции за 30% како и нивна навремена исплата- тогаш кога им е најпотребно на земјоделците;

-обештетување на сите стечајци- воведување на надоместок во висина од 6600 денари со што ќе имаат можност за пристоен живот до пензионирање или ново вработување;

Ова се само дел од мерките кој ги нуди нашиот план за животот во Македонија. Мерки кои ќе овозможат враќање на насмевката кај граѓаните и желба да останат во нашата татковина.

Планот за животот во Македонија денес  ќе биде преставен и пред граѓаните на Штип.

Затоа ве повикувам, вечерва во 19 часот и 30 минути

да бидете дел од митингот на Социјал демократскиот сојуз и коалицијата кој ќе се одржи на гратскиот плоштад Слобода во Штип.

Заедно да зачекориме кон иднината. Бидете дел од Планот за Македонија!

За нас секој граѓанин е важен!

Затоа граѓаните на 11 декември ќе го подржат планот За живот во Македонија!

Заокружи број  број 4, избери план за Македонија!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе