СКОПЈЕ: Во МАНУ промовирана книгата „Руска религиска филoсофија“ на проф. д-р Трајче Стојанов

Скопје, 23.12.2019

Во Македонската академија на науките и уметностите денес беше промовирана книгата „Руска религиска философија“ од професорот д-р Трајче Стојанов, професор на Факултетот за образовни науки на УГД.

manu02„Оваа книга во три тома можам слободно да кажам дека е значајно дело не само за македонската туку и за светската философска наука. Ова е дело кое сигурно ќе остави голем белег на светската филсофија“, рече промоторот на тритомното издание проф. д-р Ристо Солунчев.

На промоцијата беа присутни голем број на академици, професори, челниците на Македонската православна црква и амбасадорот на Руската федерација во Македонија Н.Е. Сергеј Баздникин.

manu01„Ова дело не само што ќе придонесе во светската философска мисла оваа книга ќе биде значаен придонес и во зближување на двата народи кои традиционално имаат многу добри односи“ изјави амбасадорот Баздникин.

Во својот говор академик Георги Старделов истакна дека вакво дело одамна се чека во македонската философска мисла.

„Вакво дело и требаше на Македонија многу одамна, но сепак е добро што се појавува на философската сцена и сигурно дека претставува една значајна литература за развојот на философијата во оваа држава“, рече академик Старделов.

manu04Авторот на книгата проф. д-р Трајче Стојанов се заблагодари на присутните и истакна дека ова дело треба да биде почеток за нешто во иднина допрва треба да се проучува и истражува.

Книгите се дел од библиотеката Филозофија на издавачката куќа „Аз-Буки“, односно 70, 71, 72 издание од оваа најзначајна филозофска едиција во нашата земја.

Организатори на промоцијата беа Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Филозофското друштво на Македонија и Издавачката куќа „Аз-Буки“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе