СО ПРИФАЌАЊЕТО НА ИНИЦИЈАТИВАТА ДА ГО ПРЕОЦЕНУВА ЧЛЕНОТ 11 ОД ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА, ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИ смета дека УСТАВНИОТ СУД прифатил иницијатива за подржување на неправда со која директно и погубно се загрозува кревката демократија во земјата.

partijanapenzioneri@gmail.com

СООПШТЕНИЕ

Партијата на пензионери со неверување и зачуденост го следи постапувањето на  Уставниот суд во врска со прифаќањето на иницијативата за преоценување на член 11 од Законот за амнестија.

Партијата на пензионери смета дека Уставниот суд, со ваквата одлука, ризикува да создаде услови со кои ќе се урнисаат сите досегашни напори за правда и нулта толеранција на корупцијата и да промовира неправда, неказнивост и заштита на криминалот.

Апострофирајќи ги и почитувајќи ги правдата и демократијата, како врвни приоритети на нашето општество, Партијата на пензионери ја подржува иницијативата за Автентично толкување на членот 11 од Законот за амнестија од Собранието на РС Македонија, а ќе ги подржи и ќе се приклучи во другите идни демократски постапки со цел да се спречи можноста за ново „правно цунами на правдата и демократијата“ и уништувањето на надежите на правдољубивите и чесни граѓани на нашата земја.

   Во Скопје, 29.11.2019 година                                     ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе