СТОИМЕНОВА ја освојува Порта Македонија

Кочани,  15.01.2018     

 Во среда,17.01.2017 со почеток во 12,00 во Порта Македонија Скопје ќе биде презентиран литературниот портрет на Ленче Стоименова, поет,произаист, сатиричар и карикатурист од Кочани.

Ленче Стоименова и е позната на пошироката читателска публика како автор на романите „Ледена кока кола“ и „Покажи ми ја среќата“, збирката поезија за деца „На Велигден“, приказните за деца „Зборови се редат, приказни се предат“, збирката поезија за возрасни „Врзани до последен здив“, како и збирките афоризми “Жегла“ и „Буба лази“, но Стоименова на пошироката публика и е позната и како карикатурист и илустратор на книги.

За богатиот литературен опис на Ленче Стоименова ќе зборува сатиричарот и член на друштвото на писатели на Србија Миле Ѓорѓијоски.

Мото на овој настан е “Заборавете на грижите и дојдете да се забавуваме и насмееме!“

ЛЕНЧЕ СТОИМЕНОВА
ЛЕНЧЕ СТОИМЕНОВА

ЛЕНЧЕ СТОИМЕНОВА е родена во Кочани. Со своето семејство живее во нас.Оризари. Пишува афоризми, сатирично-хумористични текстови, драми за деца и возрасни, поезија и проза, кратки текстови за скечеви, црта карикатури. Досега ги има објавено следните книги: Жегла (2001)  афоризми,  Ледена кока кола (2005) роман, На Велигден (2008) поезија за деца, Покажи ми ја среќата (2011) роман, Зборови се редат, приказни се предат  (2013)приказни за деца, Буба лази  (2015) афоризми,  Врзани до последен здив (2016) поезија за возрасни.

Коавтор е на повеќе книги:  Врели мразови(2013) афоризми, Афотека 2(2013) афоризми , Струмичка афоризница (2014) афоризми, Куд плови овај брод(2014) зборник на поезија , – Поезија и проза за восхит(2014), „Ко је ко у афоризму“ (2014),   ГЕ-50 (2015) Алманах на афористичари од Македонија, На врвот од вулканот (2015) афоризми, Алманах на балкански афористичари Осињак (2015), Будење на петелот (2016 ) афоризми,  Бричење на петелот ( 2017 ) афоризми,  Жена и афоризам (2017) алманах на афористичари од Југославија.

Застапена во Антологија на Балканскиот афоризам и Антологија на Македонскиот афоризам и во повеќе билтени со поезија и афоризми издадени од литературни клубови во Кочани и други градови од Македонија. Наградувана е повеќе пати со прва награда за афоризам на домашни и меѓународни фестивали.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе