СТОЈАН АНДОВ: Заев и министерот Димитров правилно и во согласност со државните интереси ги водат преговорите со Грција

Штип, 26.03.2018

„Во мои години е малку напорно кога се пишуваат книги, а јас своите книги ги пишував според сеќавањата и на основа мали политички студии…Во моите книги се содржани сите факти во однос на нашето осамостојување, во однос на признавањето на самостојноста и независноста на нашата држава“.

Стојан Андов му подари свои книги на градоначалникот Благој Бочварски
Стојан Андов му подари свои книги на градоначалникот Благој Бочварски

Ова го изјави Стојан Андов, прв претседател на Собранието на Република Македонија, еден од најзначајните политичари во годините на нашето осамостојување, на средбата со штипјани на кои го претстави своето творештво. За вредносните аспекти на книгите на Андов говореа писателите Раде Сиљан и Блаже Миневски како и публицистите Љубомир Гајдов и Љупчо Арсовски, a познатиот македонски актер Мето Јовановски најави снимање филм по делата на Андов.

„Во моите книги на еден читлив начин се запишани драматичните настани од распадот на Југославија, нашите односи со Слободан Милошевиќ и со албанците, односите со Грција. Се работи за теми кои досега не се обрааботувани кај нас“, рече Андов.

АНДОВ  Во однос на преговорите со Грција мислам дека нашите органи,  премиерот Заев и министерот за надворешни работи правилно и во согласност со интересите на државата и на народот ги објаснуват своите ставови и своите предупредувања што не можеме да прифатиме. Ако останат на таа линија, која сега ја имаат, ако не се поколебат во тоа, мислам дека ќе имаат важна историска улога во нашата иднина,

Тој појасни дека денес политичкии не е активен без оглед на фактот дека постојано бил опседанат од домашни и странски новинари кои сакале да го слушнат и неговото мислење во однос на нашите актуелни состојби. –„Мислам дека во потребниот период не се отворија прашањата за општествените рефотми, за приватизацијата, за градењето на демократски капацитети во државата, донесовме Устав, две години потоа донесовме и Закон за внатрешни работи кој беше полош од претходниот“, порача Стојан Андов.

Андов уште рече дека во првите години од независноста народот ги туркал тогашните политички раководители да работат на промени, но многу работи се одвивале стихијно.-„Бараните промени не се одвиваа согласно потребите на државата и на граѓаните туку во тие промени преовладуваа личните интереси кои се можни само во неуредена држава. Сепак, акцентот во моите книги е даден на севкупниот подем на Македонија кој е е евидентен“, порача Андов.

На новинарско прашање за негов став по однос на Законот за јазиците, Андов вели дека на тоа суптилно прашање гледа од една пензионерска дистанца, а не како директен учесник во тие процеси.

-Што се однесува за Законот за употреба на јазиците мислам дека требаше да се има трпение и да се обезбеди една темелна процедура за неговото донесување. Ова што сега го имаме е резулат на невнимание, потценување на правниот аспект и силата на тој аспект. Ако не се расчисти прашањето околу амандманите не можеме да знаеме кој тоа ја има прекршено процедурата, дали е тоа премиерот или претседателот на државата“

Во однос на преговорите со Грција за името, Андов ги пофали премиерот Зоран Заев и неговата влада велејќи дека работата, гледано од аспект а нашите национални интереси, се одвиваат добро.

-Мислам дека нашите органи,  премиерот Заев и министерот за надворешни работи правилно и во согласност со интересите на државата и на народот ги објаснуват своите ставови и своите предупредувања што не можеме да прифатиме. Ако останат на таа линија, која сега ја имаат, ако не се поколебат во тоа, мислам дека ќе имаат важна историска улога во нашата иднина, рече Андов. Во однос на информацијиите кои се слушаат деновиве дека е можно формирање на малцинска Влада, Андов  рече дека актуелната Влада, со одредени пропусти кои ги има, иако е малцинска сепак е подобра од повеќето други влади малцински или мнозински, сеедно.

На средбата со градоначалникот на Штип Благој Бочварски, Стојан Андов на градот му подари три свои книги на што Бочварски возврати со зборовите дека делото на Стојан Андов игра важна улога во подигање на свеста на нашите сограѓани, за тоа колку е тешко да се создава држава, да се соочува со предизвиците коишто секојдневно надвиснуваат.

 

РАМКА

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе