Стружани, пријателите и писателите, му оддадоа последна почит и масовно испраќање до вечноста, на познатиот автор Петко Шипинкароски

Струга, 27. Јануари 2020

– На градските гробишта во Струга, денеска напладне, сограѓаните, пријателите, поетите и раскажувачите, му приредија масовно испраќање на, вчера починатиот, познат македонски литерарен деец, писателот, потетот, истражувачот и научник, Петко Шипинкаровски.

Шипинкароски е роден е 1946 година во селото Будимирци,битолскиот дел на Мариово, но најповеќе, 4 децении,  живееше и твореше во Струга, неговата “љубов од првиот поглед”, рече на разделбата со него, Мишо Китаноски, автор и содеец во литературата и издаваштвото, посебно кога станува збор за книжевниот магазин “Бранувања”.

Во името на битолскиот Книжевен круг, каде Шипинкароски, живееше и создаваше во младоста, последен се прости Ѓорѓи Лазарески.

Шипинкароски е еден од најплодните и најпреведувани македонски автори. Зад него стојат десетици романи, романизирани монографии, раскази, поезија, драмски текствои, раскази за деца, критики и есеи.

Неговото плодно творештво со над 20 објавени авторски изданија е значаен придонес во вредносниот систем на современата македонска литература.

Неговите романи, раскази, песни и есеи преведени се на повеќе јазици, особено внимание кај меѓународната јавност предизвика неговиот роман „Утринска молитва“ посветен на животот на битолските евреи.

Добитник е на многубројни меѓународни литературни награди и признанија.

Беше член на Македонското друштво на писатели, како и на Здружението на новинарите на Македонија.

Шипинкаровски беше и претседател на Културниот центар „Бран“ од Струга што 20 години ја издаваше меѓународната ревија за литератира „Бранувања“, како и организатор на „Струшките книжевни средби“, манифестација со меѓународно учество.

В.М.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе