Утре во Виница сите на атрактивни „Тодорови трки“

Виница, 22.03.2019

Утре, 23 март, на градскиот стадион во Виница ќе се оддржат традиционалните Тодорови трки, настан на кој се очекува масовно присуство на сите генерации, од деца од предучилишна возраст, па се до пензионери.

Настанот, традиционално започнува со дефиле на коњи од стариот плоштад до  градскиот стадион од 11.00 часот. Пред стартот на дисциплините ќе следува музички дел со музичко-ритмички настапи на ученици од деветолетките, како и со настап на наш локален бенд. Трките и годинава ќе стартуваат со жените од Златно Доба, по што ќе следуваат дисциплините во различни категории.

Пријавувањето за учеството во дисциплините за возрасни е на лице место, а за секоја категорија се обезбедени вредни награди кои се донација од сите приватни компании во Виница и дел од Кочани.. Годинава, трките ќе имаат и хумана мисија, волонтерите на Црвен Крст организираат акција за донации и помош на нашата сограѓанка Лозена Анастасова, лице со телесен инвалидитет, која пред неколку недели во сообраќакјна незгода повторно се здоби со скршеници и повреди, и е речиси неподвижна. Средствата се неоходни за соодветна грижа и нејзино лекување.

Инаку, на градскиот стадион во Виница ќе се реализирааат преку десет различни дисциплини, од трчање, возење велосипед, трчање во вреќа, со јајце во лажица, трчање со врзани очи, трчање со патерици, и секако трка со коњи.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе