Утре во Радовиш, во среда во Штип Велигенски концерти на Музичкото училиште „Сергеј Михајлов“

Штип, 06.05.2019

Државниот музички училишен центар „Серѓеј Михајлов“ утре и задутре ќе одржи Велигденски концерти во Радовиш и во Штип.

Организатор на Велигденскиот концерт во Радовиш е Домот на култура од овој град и ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“, а концертот во Штип е под покровителство на Ротари клубот од градот под Исарот.

Во Радовиш како и во Штип ќе настапaт Народниот оркестар во класта на проф. Илија Ќосевски заедно си Симфонискиот оркестар на училиштето. Ќе бидат исполнети традиционални народни песни. Диригент е проф. Тоше Митрев.

Во Штип програмата ќе биде збогатена и со настап на хорот на основното и на средното музичко училиште.

-Сакам да истакнам дека ова е за првпат да имаме Велигденски концерт од ваков формат. Му се заблагодарувам на Ротари клубот од Штип за идејата зашто концертот е од хуманитарен карактер, а парите собрани од него ќе бидат наменети за реновирање на училници во нашето училиште, вели Горан Кавраков, директор на ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“.

И во Радовиш и во Штип (Дом на култура „Ацо Шопов) концерите започнуваат во 20 часот. Во Штип сеуште има влезници кои се продаваат по цена од 200 и 300 денари и можат да се набавт во училишето.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе