Фосилите од Стамер на изложба во Делчево

Делчево, 06.12.2019

Фосилите од палеонтолошката гробница на животни кај Стамер, Делчевско ќе бидат изложени за прв пат пред делчевци во рамките на тематската изложба „8 MEGA ANNA“. Изложбата  е плод на повеќегодишните истражувања на палеонтолози и експерти од Природонаучен музеј на Македонија  и Природонаучниот музеј во Софија на палеонтолошките гробници на пикерминска фауна лоцирани во Долни Дисан-Неготино и Стамер-Ѕвегор-Делчевско.

Како што истакна м-р Билјана Гаревска од Природонаучниот музеј Скопје, изложбата е воспитно-образовна и ќе им овозможи на посетителите да се запознаат со една ретка фосилна мега фауна карактеристична за Балканот.

Изложбата е посветена на проф. д-р Ристо Гаревски најпознатиот македонски палеонтолог чиј потпис стои и на откритието на палеонтолошката гробница кај Стамер, како и најзначајното откритие во Стамер, фосилот од череп на жирафа.

-Изложбата се состои од фосилен материјал од пет различни видови фосилни слонови кои за прв пат се среќаваат на еден ист локалитет, потоа носорози, џиновски мрзливци, антилопи, газели, мајмуни и други кои се членови на така наречената пикермиска фауна. Односно, запознавање на посетителите со една интересна група на фосилни цицачи стари 8 милиони години, рече Гаревска.

dd02На изложбата ќе бидат изложени и минерали од Делчевско, а ќе биде збогатена со теренски црно – бели документарни фотографии од авторот Александар Гаревски.

Изложбата е посветена на проф. д-р Ристо Гаревски најпознатиот македонски палеонтолог чиј потпис стои и на откритието на палеонтолошката гробница кај Стамер, како и најзначајното откритие во Стамер, фосилот од череп на жирафа.

Во Делчево изложбата ќе биде отворена на 11 декември со почеток во 13 ч. во фоајето на Спомен-домот АСНОМ. Со оваа тематска изложба, Општина Делчево ја отвора новогодишната програма во која се предвидени и новогодишни концерти и театарски претстави.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе