Фотоволтаични системи за за три згради во Кочани

Кочани, 15.01.2019

На двете средни училишта во Кочани, „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ и на општинската зграда ќе бидат инсталирани фотоволтаични системи.

Средствата ги доделува Министерството за финансии, преку Проектот за подобрување на општински услуги. Станува збор за грант од вкупно два милиони евра кои се обезбедени преку ИПА-компонентата на Европската Унија,а се наменети за набавка на фотоволтаични системи за јавни објекти за 35 општини од четири региони.

kocani kultura_800x533Со инсталирањето на фотонапонските системи ќе се направат значајни заштеди за струја кај овие јавни објекти, со што ќе се намалат трошоците, а истовремено ќе се зголеми и искористеноста на обновливите извори на енергија.

Според информациите на општинските служби вклучени во реализацијата на проектот, избрана е фирма што ќе ги поставува системите, која веќе ги добила параметрите потребни за инсталација на системите.

Објектите на кои ќе се инсталираат овие системи ќе можат самите да произведуваат струја преку фотонапонски системи.

(љ.а.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе