“Царот” паљурски се премисли: „Доћерао цара до дувара“ !?

“Прецедателот”, сепак, се предомислил и “поради новонастаната состојба”, откажал “некои од договорените обврски”, па ќе може да се сретне со Хојт Ји!Лажги со опашки! Па, нели, Ји беше петторазреден чиновник од администрацијата на Војвода Трамп, под секое ниво на Хорхе Величествени!?
Со чиј разум и интелигенција се поигрува овој, од Доналд Туск, оценет – “неразумен човек”!?
Сепак, поблиску е до вистината, дека, дури и со неговиот акал, оценил дека премногу ја заглибил во жив песок, дека е оставен сам, дека не ја завршил, со крвавиот собраниски пир, работата докрај – како што очекуваа оние кои го прогласија за цар!!!
Да, “дошја нож до коску” – би рекле кумановци, односно „доћерао цара до дувара“ – што би рекле, народски посеверно од нас! Тоа е состојба на невротична летаргија и екстроверзно повлекување! Дали се тоа апсурди? Секако, ама Хорхе и се е можно!
Чија е вината “за новонастанатата ситуација”? Белким, не е моја!? Заев во интервју за “Фокус” открива: “Прислушуваните разговори наведуваат на заклучок дека е тој уплашен и уценет, со животот и безбедноста негова лично, но и на и семејството”!!! ???
Ако е тоа така, “претседателот на сите грагани”, треба да му го каже тоа на народот. Ама не на оној “народ”, што кршеше глави на пратеници и новинари, туку на сите слободоумни и правдољубиви грагани на Република Македопнија.Можеби ќе имаме разбирачка за неговите страданија!?

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе