ЧИВ БАСТИОН КЕ БИДЕ ОПШТИНА БУТЕЛ

Скопје, 26 Октомври 2017

 Пишува: Мераљ Груби
Пишува: Мераљ Груби

И по 26 години во руинираниот Бутел се ветува изградба на водовод и канализациија па и поликлиника токму од страна на мафијашко криминални структури кои Бутел го сметаат за нивни бастион..

Истите тие што покажаа најдобри резултати во ширење на омраза,за сиве овие години останаа слепи на АКВАДУКТОТ,еден од најстарите културно историски споменици и спомен на општина Бутел за кој човекот со визија,чесен и успешен бизнисмен Велимир Смилевски во неговата програма најави дека токму тоа ке биде туристичка атракција која може да носи приходи во општина Бутел.

Деновиве на некој портал се обидоа да го оцрнат неговиот лик ширејќи лажни вести па дури и им пречи и неговиот стекнат имот во друга општина оти нели освен криминалните структури други лица не било нормално да имаат имоти во други општини.

За жал тоа тешко им оди кога се работи за кандидатот за градоначалник Велимир Смилевски успешен,чесен,без ниту една дамка во неговата кариера и многу почитуван од сите сограѓани.Тоа се покажа и на првиот круг на локалните избори и победничкиот резултат.

Тешко и ке биде бидејќи граѓаните сфатија дека им треба градоначалник а не Крадоначалник и насилник со повеќе судски процеси зад себе.

Граѓаните одбраа соживот,средена општина,урбана општина и многу нешта за што е срамно да се говори во 21-от век.

На граѓаните на општина Бутел не им пречат ниту црковните камбани ниту молитвите на оџите бидејќи секогаш играат заедничко оро околу огнот на Бадник а децата македонци,турци,албанци и бошњаци се разбираат на ист јазик а го познават јазикот на другиот, па дури и на ,,Добар ден”се возвраќа со,,Мир дита”.

На 29.10.2017 ке остане да видиме дали Бутел ке остане Бастион на криминално раководство кое не одалечува од Европа и Европските стандарди или веќе освестените граѓани ке го зададат и последниот удар со пенкало заокружувајќи го број 19,број кој ветува еднаков живот за сите во општина Бутел.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе