Шипинкароски и Митаноски – лауреати на книжевниот салон „Поезија стенка” од Белград,

Белград, 26 октромври 2018

Седуммина автори од Македонија, се застапени и извонредно го збогатуваат со своите  авторски трудови , најновиот,  Алманах на светската поезија 4 – “Жамор речи”, спонзориран, мегу другите, и од Светската академија на поезијата од Равена.

Денеска, од 19 часот, во Куќата на Крал Петар Први и утре од 16 часот, на Мегународниот саем на книгата во Белград, односно во 18 часот во ресторанот Стенка,  ќе се одржат три промоции на Алманахот.

Од Македонија се застапени, Христо Петрески, Петко Шипинкароски, Веле Митаноски, Стеле Ковач Босилковски, Марина Икономова Шокева, Тоде Илиески, како и Милена Златеска,од македонската дијаспора во Пула, Хрватска.

– Во време на светковината на книгата и списателството, особено ги поздравувам  овогодишните лауреати од Македонија,  Петко Шипинкароски и Веле Митаноски, добитници на признанијата за особен придонес во афирмацијијат на  поетската реч- потенцира Даниловиќ, член на Светската академија на поезијата и претседател на Одделот за словенскиот свет.

На оваа  книга, тим соработници работеа година дана, вградија повеќе од 2.000 часови креативен и самопрегорен труд. Годинешното издание на Алманахот, кој го промовираме на Меѓународниот белградски саемна книгата, со  поздравен говор на  Радомир Андриќ, председател на Здружението на писателите на Србија и Радинка Стојковић, раководител на Салонот,извонредно го збогатуваат авторски трудови на македонских автори.

Књижевниот салон “Поезија Стенка” од Белград, кој е веќе триесет години неинституционално собиралиште и дружење на уметници од сите вокации, пред се, поети од целиот свет, на претходните Саеми на книгата, досега, претстави 3 Алманаха – зборници од селектирани книжевни творби на автори од целиот свет.

Во оваа книга издадена од Светската академија за поезија од Верона, Здружението на писателите на Србија, Матицата на иселениците и општината Савски венац во Белград, селектирани се трудови од  180  автори, меѓу кои се и многумина офицајилизирани книжевни авторитети, од  17 земји: Шведска, Германија, Црна Гора, Хрватска, Италија, Босна и Херцеговина, Македонија, Швајцарија, Словенија, Австрија, Канада, Франција, Австралија, Данска, Турција, Русија и Србија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе