Шокантно: Нема повеќе гнев и омраза помеѓу луѓето

Виница, 15.11.2017

 Пишува: Николина Атанасова, новинарка
Пишува: Николина Атанасова, новинарка

Пред некој ден се вратив од Скопје. Гужва, пренаселеност, воздух од кој боли глава, атмосфера која гуши, ситуација која убива. Пола држава е сместена таму. Веќе неколку дена читам на интернет секакви навреди и “бљувотини” за сопствениците на компанијата Макпрогрес.  Имаат тие свои адвокати и не им е потребна мојата одбрана, но лично како човек кој живее во ова градче и го сака со целоти свое срце чувствувам должност да реагирам.

Срамота е за еден човек кој има желба да биде новинар да пишува “рекла казала” муабети без да праша и да ја испита состојбата добро. Во приказната секогаш имате две страни,но полесно е сите тие приказни да се плетат како кинески чорапи. Макпрогрес се рекламираат со години насекаде, а имаат и реклами по разни портали. Доколку се договоревте за добра реклама не верувам дека така ќе ги навредувавте. Имате доста спозори и реклами на порталот, дали би напишале нешто за нив макар и да е вистина? Или рекла- казала приказни за компании со врвен успех кои не се рекламираат кај вас, ви се предизвик.

MAKPROGRES POGONСоработувам со нив неколку години. Од нив успеав да ги заработам првите свои пари. Секогаш биле коректни спрема мене и го почитувале мојот труд. Можеби знаат да бидат и премногу строги кон своите вработени во одредени случаи, но мојот став е дека доколку не било така тие немаше да го достигнат сегашниот успех. Најзлобните луѓе во вашите очи, можеби за некого се мајка Тереза. Слободата често е злоупотребена. Кажете која компанија каде работниците работат што ќе им падне на ум нижи прогрес? Не заборавајте за колку фамилии обезбедуваат леб и што се сториле за Виница. Веќе створиле капитал за добар живот на пет генерации во својата фамилија. Утре би можеле да престанат со инвестирање и работа доколку посакаат. Не одбиле ниту едно спонзорирање кое е од општествена корист. Кога би постоеле повеќе такви компании во малите градови би било одлично.

Нема многу простор за критикување. Уште еден автобус да замине за Европа е многу, во Скопје веќе нема место, доволно беше. Да не се Макпрогрес, Мебел – Ви, Тондах, Ромеро и неколку други компании и пилињата од Виница ќе беа веќе иселени. Млади доволно заминаа.

Никој не ви забранил и вам да создадете компанија која ќе реди успеси, не да си го трошите залудно времето. Никој не совршен. Немам ништо против критикувањето, но најпрвин научете се да критикувате. Критикувајте со факти не со трачеви. Научете да разликувате говор на омраза од слобода на изразување. Не загрозувајте ја туѓата слобода и приватност и еднаш засекогаш сфатете дека малите градови овие компании ги одржуваат во живот. Од страна гледано и мене би ми изгледало како умилкување кон нив, но тие доволно направиле за мене така што можам да поминам и без ова “улизување”. Сите што добро ме знаат, знаат дека се што правам е од срце.

Кога ќе критикувате со докази и факти не постои сила која ќе ви ја негира вистината. И подобро ќе биде да ги критикувате компаниите со цел да се подобри нивниот квалитет одколку да си го губите времето со нивниот приватен живот. Нема многу простор за критикување. Уште еден автобус да замине за Европа е многу, во Скопје веќе нема место, доволно беше. Да не се Макпрогрес, Мебел – Ви, Тондах, Ромеро, Хи Покс и неколку други компании од Виница и пилињата ќе беа веќе иселени. Млади доволно заминааа. Дозволете им на малите градови да дишат, не загадувајте ги со омраза. Критиката ќе не направи подобри, но не и клеветата и омразата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе