Штипските ученици во зимска облека следат настава, директорите тврдат дека имаат нафта

Штип, 03.02.2017 

Младите на СДСМ обвинија за студени училници и понудија слики како илустрација. Директорите собрани од градоначалникот рекоа дека нафта имало доволно, но никој не кажа ништо во врска со крунскиот доказ за студенилото, а тоа се – фотографиите

На час во капути, јакни, шалови, ракавици...Една слика илјада точности
На час во капути, јакни, шалови, ракавици…Една слика илјада точности

Штипската социјалдемократска младина обзнани дека учениците во многу штипски училишта учат во студени простории. Во прилог на своето тврдење тие приложија повеќе фотографии снимени од ученици од кои убаво се гледаат средношколци кои во зимска облека, со капути, јакни,шалови и ракавици следат настава. Дел од фотографиите ги прикажуваат учениците како се обидуваат да се загреат на, според СДСМ, млаките радијатори.

„Да не ги интересираа само криминалии и профити градоначаникот Илчо Захариев и ВМРО-ДПМНЕ во Штип, ќе имаше пари за греење на учениците кои се смрзнуваат во училиштата по распустот. Почетокот на второто полугодие, учениците и професорите го дочекаа во студени училници – без греење. Учениците се принудени да носат јакни, шалови и ракавици за време на часовите. Еве погледнете ги овие фотографии што го покажуваат тоа“, беше речено на прес конференцијата организирана од младите на СДСМ..

uCILISTA STUDENI RADIJATORI
Во зимска облека „залепени“ на млаки радијатори

На прес конференцијата беше спомнато дека греењето во училиштата е минимум услов за нормална настава, а младите побараа од градоначалникот Захариев да одговори на прашањето дали парите наменети за нафта за греење во образовните установи се пренаменети и за што?

„Порачуваме дека за сите злоупотреби на пари и штети врз учениците и граѓаните ќе има одговорност. Кога СДСМ ќе ја превземе власта штипјани, како и сите граѓани на Македонија, ќе добијат реконструирани, модернизирани и целосно опремени училишта, учениците современи услови за учење, а наставниците достоинствени услови за работа како што доликува на една европска држава во 21-иот век“, рекоа младите социјалдемократи.

Истиот ден градоначалникот Захариев ги свика директорите на училиштата за тие пред камерите и новинарите да потврдат дека нафта имало доволно и дека никој не мрзнел во ниту едно од штипските основни и средни училишта. Нормално директорите му удоволија на Илчо но дали им удоволија на учениците и на вистината тоа тие самите си го знаат. Никој од нив не кажа зошто, ако греењето било во ред, учениците седат на час во  зимска облека како што се гледа од фотографиите..

.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе