ШТИП: Амбасадoрите на ОБСЕ и на Велика Британија во одвоени пoсети

Штип, 27.02.2019

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска во својот кабинет оствари средба со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Клеманс Која.

Амбасадорот Која беше лично запознаен од градоначалникот Бочварски за проектите кои се отпочнати во општината и кои се неопходни за развојот на Штип.

За само една година се започнати неколку крупни проекти коишто се долгогодишно барање и потреба на граѓаните, а тоа се гасификација, брана на реката Отиња и нова детска градинка.

Интеграцискиот процес во кој се наоѓа Македонија ќе придонесе раст на економијата и стабилност во нашата држава.

Амбасадорот го поздрави историскиот договор и зачленувањето на Македонија во НАТО алијансата.

Во посета на Штип денеска беше и Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирака. Градоначалникот Бочварски ја извести амбасадорката за инфраструктурните зафати и тековните работи во Општина Штип.

Локалната самоуправа работи посветено на подобрување на општественото живеење и затоа ваквите средби со претставници од поразвиените земји се секогаш во корист, со цел превземање на добри практики и унапредување на квалитетот на живеење за граѓаните.

Бочварски се заблагодари на амбасадрката Галовеј за поддршката од Британија на Македонија за влезот во НАТО алијансата, што значи дека нашата земја е рамо до рамо со сите НАТО сојузници,“.

Градоначалникот Бочварски и амбасадорката Галовеј го посетија мултимедијалниот центар, кадешто е спомен собата на Киро Глигоров, првиот претседател на Македонија.

 „Ова е можност и за мене да се сретнам со луѓе надвор од Скопје и да слушнам кои се прашањата коишто се важни за луѓето од другите градови.
Градоначалникот ме информираше за неговите приоритети, за инфраструктурата, за економијата и разговаравме за тоа како да ја продлабочиме соработката во иднина,“
 изјави амбасадорката Галовеј.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе