ШТИП: Банка за храна отвора филијала

Штип, 09.04.2021

Познатата непрофитна хуманитарна организација Банка за храна која им помага на сиромашните и гладните во нашата држава отвора филијалка и во Штип.

За една ваква важна новина под Градот на исарот денес беше потпишан соодветен меморандум. Во името на Општина Штип меморандумот го потпиша градоначалникот Д-р Сашко Николов, кој е и претседател на Управниот одбор на Фондот за солидарност на Општина Штип и претставник на Банката за храна.

Во Општина Штип се регистрирани околу 80 социјално ранливи семејства и тие секојдневно ќе добиваат бесплатна храна.

Претставникот на Банката за храна изјави дека нивната визија е да имаме општество без гладни луѓе и да немаме загуби во храна која денес се фрла како отпадок.

-Мисијата на Банката за храна МК се состои во собирање на вишоци храна од сите оператори со храна (производители, дистрибутери и трговци), нивно складирање, евиденција и дистрибуција до сиромашните и социјално загрозени категории наши сограѓани, во заедништво со сите организации, социјалните установи и институции кои исто така помагаат и се вклучени во борбата против сиромаштијата и гладот, соопштија од Банката.

-Штип е градот кој прв во државата формира Солидарен фонд за собирање солидарни средства за решавање на здравствени проблеми на наши, главно млади сограѓани, а сега стануваме и општина која е дел од Банката за храна со што создаваме услови да немаме ниту едно гладно семсјство во нашата општина, рече градоначалникот д-р Николов.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе