ШТИП: Боречки спектакли за Денот на ослободувањето

Штип, 28.10.2018

Штипските боречките клубови „Балканец“ и „Олимпија“ подготвуваат спектакли за 8 ноември, Денот на ослободувањето на градот.

БК „Балканец“ ќе го организира традиционалниот Меморијален меѓународен турнир во борење „Трофеј штипски боречки асови“ кој секоја година се организира во чест и слава на починатите боречки асови кои низ светот ја пронесоа славата на клубот и оставија траен белег во афирмација на клубот и на градот но и на боречкиот спорт во Македонија.

ОЛИМПИЈА            На овој турнир поканети се четири екипи од Бугарија, две од Косово, по една од Романија, Србија и Грција и дванаесет клуба од Македонија. Од клубот велат дека овој турнир прераснал во рамниште на Балканско првенство.

БК „Олимпија“ пак планира интересен натпревар со БК „Црвена Ѕвезда“ од Белград. Од клубот ни изјавија дека со белградските колеги соработувале две години. Со двомечот само сакале да му дадат посебно значење на најважниот ден во поновата историја на Штип.  По средбата во Штип „Олимпија“ ќе гостува во Белград.

За овој натпревар БК „Олимпија“ е во поодмината фаза на подготовки. Посебно интересно е тоа дека борбите ќе бидат во слободен стил, а натпреварот ќе се одржи во спортскиот центар „Јордан Мијалков“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе