ШТИП: Ваучерот на Солвеј квалитетно ќе ги згрее децата во штипската градинка „Пчелка“

Штип, 26.11.2019

solvejКомпанијата Солвеј со седиште во Швајцарија, која во нашата држава го има единствениот рудник за бакар Бучим кај Радовиш, на 28 август оваа година-Денот на македонските рудари, на општина Штип и подари ваучер во износ од 6.000 евра.

-Сакаме Општина Штип да ги употреби овие пари таму за каде ќе и бидат најпотребни, рече на свеченоста Дан Бронштајн, претседател на Одборот на директори на Солвеј. Ваучерот го прими градоначалниот Благој Бочварски кој со бирани зборови се заблагодари за подарокот.

Денес беше објавено дека овие 6.000 евра Штип ќе ги искористи за инсталирање на нов систем за греење на пелети во клонот „Пчелка“ во состав на детската градинка „Вера Циривири-Трена“.

-Од самото отварање, па до ден денесе оваа градинка се загрева со печки на дрва, а со оваа помош од Солвеј поминуваме на пелети. Целата инвестиција чини 529.000 денари, а за заокружување на инвестицијата ние  додадеме дополнителни 160.000 денари, рече Софка Атанасова, директор на оваа градинка. Таа упати благодарност до Солвеј и до градоначалникот на Штип што одлучил оваа донација да се искористи за нивната градинка.

Во овој објект се згрижени 80 дечиња. Со поставувањето на парното се решава проблемот со квалитетно загревање на целата зграда.

Комплетната реконструкција на овој клон ќе се изврши идната година за кога Министерството за труд и социјална политика истиот го има ставено во својата програма. Клонот „Пчеллка“ е во самиот центар на градот,.веднаш зад гимназијата „Славчо Стојменски“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе