ШТИП: Величествена изложба на писатели-сликари

Штип, 01.12.2017

По подолго време во Штип се случи величествен културен настан. Во Домот на култура „Ацо Шопов“ денес напладне беше отворена величествена изложба под наслов „Писатели сликари“. Величественоста ја видовме во неверојатниот за штипски прилики број на присутни на свеченото отворање. Млади, стари, средна ѓенерација, жени и мажи го исполнија изложбениот салон, а сликата потсети на културните настани кои во овој град ги имаше пред повеќе од две децении.

- За новата културна политика во Штип говореше Иван Бојаџиски, претседател на Комисијата за култура при Советот на Општина Штип
– За новата културна политика во Штип говореше Иван Бојаџиски, претседател на Комисијата за култура при Советот на Општина Штип

Со свои сликарски дела се претставија: Јордан Ѓорчев, Трајче Кацаров, Христо Петрески, Нада Накова, Љубомир Донски и Велко Неделковски.

Делата на писателите-сликари ги претстави д-р Христо Петрески
Делата на писателите-сликари ги претстави д-р Христо Петрески
Убав настап во друштво на убави слики имаше д-р Јордан Ѓорчев
Убав настап во друштво на убави слики имаше д-р Јордан Ѓорчев

Учесниците на изложбата ги претстави писателот  и сликар д-р Христо Петрески. Тој потенцира дека низ светската историја многу познати писатели биле и успешни сликари како Гете, Силвија Плат, Хенри Милер, Чарлс Буковски, Бодлер, Едгар Алан По и многу други. – „И ние, во нашата Македонија, имаме писатели кои својата уметничка дарба ја искажале или ја искажуваат и во сликарството. Покрај шестмината чии слики се изложени денес, писатели-сликари биле на десеттина други познати лица од писателската сфера“, посочи Петрески.

Одамна на отворањето на една сликарска изложба немало толку многу луѓе, посебно млади, како што тоа беше денес кога штипјани можеа да направат увид во сликарството на наши познати поети и да слушнат по една убава песна од секој од нив.

За новиот културен амбиент во градот и регионот зборуваше Иван Бојаџиски, претседател на Одборот за култура при Советот на Општина Штип.

„Новата локална власт цврсто е решена многу повеќе финансиски средства да издвојува за културата. На Штип да му го врати приматот на културна метропола не само на истокот туку и во државата воопшто“, рече Бојаџиски.

Тој потенцира дека во таа смисла се размислува за формирање на Градска блех музика, на голем Градски хор, на создавање простор на Градскиот плоштад за секојдневни настапи на талентирани музичари, за отворени сликарски школи, за формирање на Штипска ликовна колонија, за настапи на писатели, за регионален пристап во културата и на тоа слично.

Секој од писателите сликари се претстави со по една своја песна што од присутните беше поздравено со аплаузи на отворена сцена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе