ШТИП: Вечерва во „Галерија 22“ во Домот на култура изложба на карикатури на Јордан Ѓорчев збогатена со афоризми и убава поезија

Штип, 13.05.2022

Вечерва во 19:30 часот, во „Галерија 22“ при Домот на култура „Ацо Шопов“ ќе биде отворена изложба на карикатури на Јордан Ѓорчев. Присутните на настанот ќе можат да видат стотина карикатури како избор на авторот од неговиот повеќеилјаден творечки опус. Ѓорчев, кој покрај тоа што се бави со карикатурата е познат и како писател и поет.

Untitled-1Вечерта на карикатури ќе биде збогатена со читање на афоризми од перото на Ив.Бој. како и слушање убава поезија од инспиративниот опус на писателот Трајче Кацаров.

Изложба на карикатури во Штип не е одржана подолго од три децении. А токму Штип, после Скопје посветуваше најмногу внимание на хуморот, сатирата и карикатурата и кој го имаше сатиричниот весник „Глог“ како и првото вистинско кабаре во театарот.

И од овој аспект оваа изложба си има свое посебно значење.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе