ШТИП: Вечер митинг на ВМРО ДПМНЕ, го најавува Штип како бастион на македонштината

Штип, 19.04.2019

Вечер, на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, со почеток во 20 часот, предизборен митинг ќе одржи ВМРО ДПМНЕ. По тој повод со изјава за медиумите излезе претседателот на Општинскиот комитет Иван Јорданов.

Еве што рече Јорданов.

Почитувани,

Во петок, во 20:00 часот масовно да излеземе на плоштадот во Штип и да го означиме почетокот на новото време.

Време на достоинствени граѓани и достоинствена држава.

Доста беа понижувања, осиромашувања и уназадувања.

Ние немаме резервна татковина.

Затоа сега масовно да излеземе и да покажеме дека сме горди Македонци.

Да покажеме дека сме посилни, пообединети и цврсто решени да ставиме крај на владеењето на оваа ненаордна власт.

Штип е бастионот на македонштината. Штип е темелот на татковината.

Татковината повикува!

Се гледаме вечер во 20:00 часот на плоштадот „Слобода“ во Штип.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе