ШТИП: ВМРОТ ДПМНЕ отвори нов фронт против СДСМ

Штип, 15.01.2018

Направено е сфтето во оваа година. Опозициската ВМРО ДПНЕ за првпат отвори нов фронт против СДСМ и општинското раководство кое е од оваа партија. На прес конференција Христина Серафимовска, советничка од оваа партија, ја обвини владеачката партија за непотизам.

-Изминативе месеци сме заложници на политиките на СДС на локално и национално ниво. Од досега направеното може да се види дека само мала група на граѓани имаат бенефит од оваа исклучително корумпирана политичка структура. Непотизмот е главна особина на политиката на СДС, а во изминативе месеци тоа се‘ повеќе се забележува.

На локално ниво, наместо ветениот живот, сведоци сме на богатење и унапредување само на тесен круг функционери и членови на нивните семејства. Бројни се примерите кои укажуваат на лошите навики за непотизам во СДС од минатото, како на пример: маж началник – жена директор во здравствена установа, жената директор на градинка – мажот командир.

Од друга страна пак граѓаните се‘ погласно коментираат за дуплирање на функциите кај истите лица, челници во оваа партија: лице кое е член на управен одбор во институција на државно ниво, во исто време стана раководител на Сектор во Општина Штип; член на Советот на Општина Штип од СДС, од неодамна е вработена во Средно општинско училиште; лицето кое е Советник на Градоначалникот, во исто време е и член на Управен Одбор итн.

Ова се само дел од примерите кои станаа пракса во раководењето на СДС и кои ги полнат џебовите само на оние кои се во блиска врска со неколкуте семејства од Штип кои долги години ја раководат оваа партија.

Очигледно е дека само одредени лица во СДС имаат право да се богатат и да добиваат функции, како на грбот на граѓаните, така и на грбот на своите членови. Останатите ќе чекаат да дојде животот, кој им ветуваше уредени улици, тротоари, спортски сали и жичари, рече Серафимовска.

Не требаше да се чека долго за одговор од СДСМ.

-Во препознатлив манир за ВМРО-ДПМНЕ, штипскиот Општински комитет на оваа партија повторно се обидува да го дефокусира вниманието на јавноста од крупните проекти коишто се реализираат на локално и централно ниво.

За прв пат по триесет години во Штип се гради градинка, Општина Штип ќе биде една од првите гасифицирани општини периодов, со што ќе се постигнат значителни заштеди на енергија и зачувување на животната средина, граѓаните пијат за пет проценти поевтина вода, а цената на водата ќе продолжи да паѓа. Се спроведуваат реални политики а граѓаните и нивните потреби се во фокусот на вниманието. Во работата на институциите, СДСМ како владејачка партија, го спроведува принципот на стручност и професионалност на сите кадри во сите ешалони и тој принципи ќе продолжи и понатаму во назначувањето на раководните позиции. Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ се несоодветни затоа што станува збор за луѓе коишто со години работат во институциите и со својата стручност, компетентност, професионалност и стекнато искуство се најсоодветни решенија коишто даваат дополнителен придонес во квалитетно и одговорно работење, во интерес на сите граѓани.

Новата демократска власт интензивно работи на наоѓање на најсоодветните решенија за раководните позиции во институциите, согласно законите и прописите, при што секаде кадешто е возможно, се застапува принципот на наоѓање стручно внатрешно решение како и што е во овој случај.ВРМО-ДПМНЕ треба да ги надмине политиките на постојано ширење лажни вести и поделби меѓу граѓаните.

СДСМ продолжува да работи во интерес на сите граѓани, стои во писменото соопштение кое до медиумите го испрати владејачката партија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе