ШТИП: ВМРО ДПМНЕ обвинува за шерифско однесување…

Штип, 27.03.2019

Денес универзитетот „Гоце Делчев“ ја одбележа 12 годишнината од формирањето, на прославата на јубилејот, во исполнетата голема сала на Домот на култура „Ацо Шопов“ беа и ученици од четврта година во средните училишта во Штип. Тоа за ВМРО ДПМНЕ – Штип било скандалозно по што партијата се јави со соопштение кое го го пренесуваме во целост:

-Скандалозни и шерифски се однесувања на локални функционери во пресрет на денешната посета на Зоран Заев во Штип. Учениците од 4та година кои учат во средните училишта во Општина Штип, се ослободени од целодневна настава, за да му ракоплескаат на џелатот на државава.
На прославата по повод основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“, имаше застој на наставата за учениците од четврта година, и тоа во период кога се учи и во сабота заради остварување на испуштениот наставен материјал.  Граѓаните сведочат на уште еден скандал, кој за несреќа е поврзан со една од најранливите категории во општеството – учениците.
И како по навика, убавите и свечените моменти, СДСМ ги зачинуваат со бандитски одлуки, кои асоцираат на ниски политички злоупотреби на деца.
Со овој бесрамен чин, СДСМ ги изложува младите на политичка агитација и без дозвола на родителите, малолетните ученици денес нема да присуствуваат на настава, за да ги пополнат празните места во салата на Домот на културата во Штип.
Почитувани,
Денешниот настан не беше презентација за средношколци, туку прослава по повод патронатот на Универзитетот во Штип, кој дрско беше оспоруван и негиран од страна на владеачката гарнитура. Затоа, не е јасно зошто беше дозволено на овој незадолжителен настан, учениците да му ракоплескаат на Заев, за сметка на целодневно отсуство од задолжителната настава…
По повод овој случај, власта е должна да одговори:
– Кој даде дозвола учениците од четврта година да отсуствуваат од денешната настава?
– Дали и овој пат учениците ќе учат во сабота за успешно да го совладаат материјалот?
– И за крај, дали младите Штипјани не се мета на предизборни манипулации од страна на највисоките државни структури?
Ова стои во соопштението од штипските опозиционери. Прозваните до овој миг не се имаат јавено.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе