ШТИП: Гимназијата на посебен начин го одбележа патронатот

Штип, 25.10.2917

Штипската гимназија „Славчо Стојменски“, која во последните пет години двапати беше прогласувана за најдобро средно училиште во Македонија, на посебен начин ја одбележа 96-та годишнина од раѓањето на народниот херој Славчо Стојменски, чие име со децени и со гордост го носи.

Хорот на гимназијата имаше свој настап
Хорот на гимназијата имаше свој настап

Свеченоста се одржа пред спомен бистата Славчо Стојменски (роден 1921 година во Штип) во алејата на штипските народни херои, а на истата присуствуваа голем број ученици и наставници како и граѓани. Училиштниот хор ја испеа химната на Република Македонија и уште неколку песни блиски до младите. Букети свежо цвеќе положи делегација на Гимназијата предводена од директорот Ристе Петковски и на боречката организација предводена од претседателот Трендафил Атанасовски.

Свежо цвеќе на споменикот на херојот положи делегација на Гимназијата
Свежо цвеќе на споменикот на херојот положи делегација на Гимназијата

„…И покрај сиромаштијата и тешко совладливиот туѓ јазик, училиштетот било многу привлечно за Славчо Стојмански. Неговата желба за читање книги растела од ден во ден. Со секоја прочитана книга му се отворал еден поинаков свет од оној во кој живеел. Неговиот посебно изразен борбен дух го издвоил како вистински борец меѓу младите во градот. Виорот на Втората светска војна ги фрлил во пламен оган младите студенти од Штип. Славчо Стојменски, со јасни револуционерни идеи и желба за отфрлање на бугарскиот фашистички режим станал член на Комунистичката партија неуморно работејќи на регрутирање нови борци. На 17 авуст 1943 година Стојменски учествувал на состанок на Обласниот комитет кој состанок бил провален. Дел од групата успеале да се спасат но Славчо Стојменски бил тешко ранет и заробен од бугарската полиција. Под силна тортура тој им подлегнал на повредите, рече професрот Јамаковски,.

За народен херој на Југославија од Македонија е прогласен на 11 oктомври 1953 година.

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе