ШТИП: Децата уживаа со претставата „Приказна за една шума“ на театарот од Куманово

Штип, 23.09.2020

Со претставата за деца „Приказна за една шума“ на кумановскиот театар синоќа во Штип започна тридневниот фестивал на театарски претстави за најмладите кој е со наслов „Малиот принц“. Фестивалот годинава оди под мотото „За детските очи“. Претставата се одигра на платото пред Домот на култура „Ацо Шопов“, во преубав амбиент, а неа ја следеа педесеттина дечиња, нивни родители, дедовци и баби. Организатор е Националната установа Центар за култура „Ацо Шопов“, а селектор  драматургот Трајче Кацаров.

Ваквата посетеност во услови на корона криза, како и аплаузите кои ги добиваа актерите од Куманово, интеракцијата која се направи со радосните и задоволни дечиња ги инспирира актерите да го дадат најдоброто од себе.

Првата вечер покажа и докажа зашто „Малиот принц“ ни е потребен, дури и неопходен во културното живеење на градот. Вработените во оваа институција од областа на културата вложија напор кој даде одличен резултат.

Фестивалот продолжува вечерва со претставата „Дружината на Лајко сезнајко“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица, а завршува утре со настап на актери од  Театарот за деца  и младинци од Скопје со претставата „Лакомата Меца“.

Родители, баби и дедовци донесете ги вечерва вашите деца и/или внуци на тетар за нивните душички зашто апсолутно вреди да се дојде на овие претстави што најдобро го покажа првата вечер како нешто величествено во и за детските очи.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе