ШТИП. Изложба на дела од ликовната колонија „Ѓуриште 2020“

Штип, 22.12.2020

Во Домот на култура „Ацо Шопов“ денес напладне е отворена изложба на слики создадени на годинашнава ликовна колонија „Ѓуриште 2020“.

132135392_200740475037113_6511877969820194796_nИзложени се 24 уметнички дела создадени за време на одржување на спомнатата колонија. Делата се на уметници од Штип, Велес,  Свети Николе, Куманово и Скопје. Поради пандемијата годинава небеше можно учеството на уметници од други држави, што оваа колонија ја прави меѓународна.

Изложбата ја отвори проф.д-р Трајче Стојанов, кој напомна дека е убаво што домовите на култура од двата соседни градови Свети Николе и Штип соработуваат на ваков начин и во време на голема пандемија од Ковид 19.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе