ШТИП: Источниот регион се „покрива“ со агрометеоролошки станици

Штип, 21.07.2020

Источниот плански регион ќе добие најсовремени агрометеоролошки станици за заштита на земјоделски култури и животна средина. Средствата во вредност од 2.169.000 денари се донација на Швајцарска агенција за развој и соработка, а свој удел има и Министерство за локална самоуправа.

-Овој проект е планирано да биде завршен за шест месеци, односно до месец ноември годинава. Коринстаа површина на шпроектот е илјада хектари, а крајни корисници ќе бидат 181.858 жители во регионот, информира Александар Николов од ИПР, координатор на овој важен проект за целиот регион.

Според Николов главните активности се насочени кон поставување на агрометеоролошките станици за заштита на земјоделски култури и животна средина. Тука е и стручниот надзор над агрометеоролошките станици, информативна кампања за употреба на истите ( изработка на лифлети и одржување на информативни средби)

-Ќе се одвива информативната кампања за употреба на агрометеоролошките станици  и ќе има константно информирање на земјоделците кое ќе се реализира преку информативни презентации- во секоја општина откако ќе се постават станиците при што номинирианите лица од секоја општина ќе поканат земјоделци кои ќе присуствуваат на информативната презентација, укажува Николов.

Информирањето ќе се врши и преку спонзорирани реклами на социјалните мрежи, мобилна апликација на македонски јазик, и веб платформа достапна за сите земјоделци.

-Земјоделството претставува еден од доминантните сектори на локалната економија и игра важна улога во остварувањето приходи на домаќинствата во рамки на Источниот плански регион. Во последните години се забележуваат зачестени временски непогоди кои предизвикуваат огромни штети во земјоделството. Голем ризик од климатските промени е и појавата на болести врз градинарските и овоштарските култури во регионот. Сето тоа може да предизвика неефективно еколошко управување. Потребни се нови методи со цел превземање на соодветни мерки во соодветно време, појаснува Александар Николов.

Проблемот што го опфаќа овој проект е тоа што земјоделците во Источниот регион се соочуват со тешкотии и застарени методи при управувањето, одгледувањето и третирањето на посадените земјоделски култури. Застaреното управување со земјоделските култури, поради недостиг на информации во вистинско време, може да предизвика одредени последици врз животната средина. Степенот и динамиката на притисокот врз екологијата на земјоделското стопанство може да се остварува, ако се користат показателите за начинот на користење на земјата, вид и број на животни на единица земјоделска површина, интензивност во користење на водата, количини и биланс на хемиски ѓубриња, производство и добивки од земјоделските култури, интензивност на користење на тешка механизација, вид и обем на отпадоци од земјоделството и друго.

Овие станици ќе ги мерат емпература и влажност на воздух; брзина и правецот на ветерот; количина на дождод, соларната радијација, влажност на листот, температура и влажноста на почвата, а ќе се дава прогноза и за појава и интензитет на полен, мигрена и реума.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе