ШТИП: Ковид 19 зарази 3.716 лица, починале 93 граѓани

Штип, 10.02.2021

104859108_639957166598336_1533643537160938390_nЗаразата од вирусот Ковид 19 во Штип се појави пред точно една година, а анализата говори дека во изминатите 365 дена во Штип од овој вирус биле заразени 3.716 лица.

Ова беше констатирано на денешниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување чии членови се директорите на јавните претпријатија, на протипожарната единица, на Центарот за јавно здравје, на Здравниот дом, Александар Лазаров, извршител на ОШ и началник Никола Тушев.

Според д-р Марија Димитрова, директорка на Центарот за јавно здравје, Штип покрај констатираните 3716 заболени од Ковид 19, од појавата на вирусот до денес, се соочил и со смрт на 93 сограаѓани кои починале од оваа зараза која одамна прерасна во светска пандемија. Според д-р Димитрова, моментално општина Штип има 109 активни случаи.

„Во изолација имаме 200 лица, но проблем кај нас е тоа што имаме многу слабо пријавување на лицата кои биле во контакт со други лица кај кои е констатирана состојба на Ковид 19. Да имавме поголема одговорност во овој сегмент состојбата секакод дека ќе беше поповолна. Затоа и сега апелирам лицата кои имале контакт со други луѓе кај кои (ќе) се констатира вирусот, веднаш да се пријават во Центарот“, изјави д-р Димитрова специјално за istokpress.mk.

Според првата личност на Центарот за јавно здравје кој заедно со персоналот на инфективното одделение при Клиничката болница водеше тешка, деноноќна битка со ова здравствено зло, во Општина Штип е констатирано присуството на британскиот сој на вирусот. Овој сој има иста клиничка слика како и претходниот со тоа што побргу се шири и неговиот опфат по населението станува поголем.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе