ШТИП: Колективно гледање фудбал Македонија-Холандија пред Домот на култура, пиво, вода и сокови бесплатно

Штип, 21.06.2021

Македонската репрезентација во 18 часот го започнува последниот натпревар на Европското првенство во фудбал. Противник и е репрезентацијата на Холандија,а RiverSoft организрира колективно гледање на натпреварот пред Домот на култура „Ацо Шопов“.

За таа цел поставени се голем лед дисплеј, премиум озвучување и супер светло.

На гледачите им е обезбедено бесплатно летно освежување со Македонско пиво, сокови Синалко и вода Изворска.

Сите подготовки се завршени, на Вас е само навреме да си зафатите место и да навивате за нашата убава и фудбалски најуспешна Македонија!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе