ШТИП: Конечно се решава цевководот кај Ново Село од кој со децении во Брегалница се излеваа фекалии

Штип, 23.08.2021

Стариот проблематичен цевковод во делот под мостот на реката Брегалница кај штипско Ново Село заминува во историјата, а на негово место ќе бида поставен целосно нов цевковод.

viber_slika_2021-08-23_18-32-10-4661Денес на местото на настанот беа градоначалникот Сашко Николов и директорот на ЈП „Исар“ Здравко Коцев.

-Цевководот е долг триесеттина метри, а тој со децении, поради руинираноста, ги загадува со фекалии водите на реката Брегалница. Од овој мост секоја година во месец јануари се фрла светиот крст по кого скокаат стотици главно млади штипјани , а состојбата на водата може да предизвика здравствени проблеми. Затоа, по идеја на градоначалникот Николов одлучивме ЈП „Исар“ да го изведе потфатот и еднаш засекогаш да се реши овој долгогодишен проблем, ни изјави првиот човек на ЈП „Исар“ Здравко Коцев.

Цевководот е со профил од еден метар.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе