ШТИП: Кој ги „намести“ гласачите во Текстилно и во Мегапроект?

Штип, 16.10.2017

Во Штип беа евдиедентирани неколку помали незаконитости во изборниот процес, но два од нив се издвојуваат по својата сериозност.

Прв случај: на влезната врата од Средното текстилно училиште, во саботата, ден пред избори осамна информација напишана на лист бела хартија А4 формат на која пишуваше:

ИЗБОРИ НА ОВА ИЗБИРАЧКО  МЕСТО ЌЕ НЕМА!

Во ред е ако изборното место каде со децении граѓани на Штип од централното градско подрачје гласаат е променето. Но никако не е вред на информацијата залепена на стаклото од вратата на ова училиште да нема дополнителна информација за тоа каде, ако веќе не тука, треба да си го исполнат своето избирачко право штипјани. Или уште повеќе: никако не е вред избирачите на време да биле информирани за тоа каде и кое е нивното гласачко место

Ист ден, иста информација на сличен по својата габаритност лист хартија на вратат од поранешното претпријатие за урбанизам МЕГАПРОЕКТ…И тука пак истиот проблем: нема дополнителна информација која би ги упатила избирачите каде да ја искажат својата избирачка воља.

-Немаше ниту каде ниту кого да прашам каде да гласам. Лутав низ целиот центар на градот ама моето избирачко место не успеавда го најдам. Мислам дека сето ова е ујдурма на ВМРО ДПМНЕ и на неговиот кандидат за градоначалник Илчо Захариев зашто тие добро знаат дека центарот на градот традиционалн е наклонет на левицата, ни рече штипски пензионер.

Денес повеќепати звоневме на Општинската изборна комисија, но од таму никој да крене слушалка па не можевме да дознаеме кој стои зад оваа ујдурма.

Втор случај:  ФАТЕНИ ВО ПОТКУП НА ЧОВЕЧКИ ДУШИ

0aee5d7f095b7833a2a2cb0d3650c1ee_w616_h362_cpВо ден сабота, кога на сила е изборниот молк, директор на општинско јавно претпријатие и вработена во локалната самоуправа од редот на најблиското опкружување на Илчо Захариев, беа фатени на дело (сликани) како одат во посета на семејства и, според пишувањето на фб со приложена слика од настанот, тие делеле подароци. Разбира се подароците биле во стилот – дајте глас за Илчо наш оти ќе останеме без работа!

Иако е регистриран јавно овој грозен случај на купување на човечки души, никаде не се најде информација дали двојката била приведена во полицијата или не. Ова го сметаме за најдолен вид на измама, а согласно  законите кои би требало да владеат во нашава држава двојката морала да се качи во Марица и да биде испрашана од инспекторот Ивица.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе