ШТИП: Наде, Маја и Верица со своите романи ги освоија штипјани

Штип, 30.11.2019

Поголем број штипјани денес напладне беа во кафе книжарницата „Арт“ во центарот на градот на средба со писателките Наде Стоилковиќ, Маја Божиновска и Верица Митева. Трите грации на новата македонска писателска фела ги потпишуваа своите книги-романи кои штипјани си ги купија за во идните денови да се дружат со убава литература. Беа тоа романите „Ќерката на дрвосечачот“ на Стоилковиќ, „Флерт, уцени и високи потетици“ на Маја Божиновска и „Нечесна игра“ на Верица Митева..

78114426_808716726247266_864713591134093312_n-Овие три романи на издавачката куќа Сакам книги се мошне омилени меѓу штипјани. Најпродаван кај нас е романот на Наде Стоилковиќ „Ќерката на дрвосечачот“, но се поголем е интересор и за романите на Маја и Верица. Луѓето ги купуваат овие книги за своите домашни библиотеки но и како драгоцен подарок за некоја пригода, подарок со кој сакаат пријатно да ги изненадат најблиските, пријателите, вели Габриела Јованова од кафе книжарницата „Арт“.

Штипската промоција/продажба беше втора заедничка, после промоцијата во Прилеп, а Наде Стоилковиќ имаше самостојна промоција и во Битола.

-„Ќерката на дрвосечачот“ е роман инспириран од вистински настан. Ја напишав пред 19 години, ми стоеше во компјутер, но кај дел од издавачите не наидов на интерес од некои нивни причини. Кога „Сакам книги“ објави конкурс за нови книги, се пријавив, романот ми беше прифатен и еве веќе го имам трето издание, ни рече Наде.

78371923_2470129376562012_1297239303469924352_nМаја Божиновска својот мотив за романот го црпи од свое лично искуство. –„Приказната е во најтесна поврзаност со мојот живот, со моето искуство од она кое го велиме пазар на трудот, со мојата борба за редовна работа…Главната хероина се соочува со сите прашања и проблеми изодувајќи го тој пат“, вели Маја.

Верица Митева појаснува дека непланирано стигнала до тоа да напише и објави роман. –„Од мали нозе го сакав пишувањето раскази, имав приказна, ја напишав и се јавив на конкурсот на „Сакам книги“. Ми ја прифатија приказната која се бави со изборот помеѓу љубовта и кариерата и еве го романот пред читателите“, посочува Верица.

По Штип „Сакам книги“ ќе ги промовира овие романи и во Виница, Струмица, Охрид, а пред Нова година и во Скопје.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе