ШТИП: Народниот театар ја „одмрзнува“ замрзната во март претстава

Штип, 21.10.2020

Претставата „Ова дете“ од Жоел Померат која актерите од Народниот театар во Штип започнаа да ја подготвуваат во месец март годинава, а која беше „замрзната“ поради Ковид 19 сега е „одмрзната“ па режисерот со актерската екипа активно работат публиката неа да ја види најдоцна кон средината на идниот месец.

-Оваа претстава е финансирана од Министерството за култура, започна да се подготвува во месец март годинава, а по половина година замрзнатост, од 5 овој месец, одново се работи на неа. Режисерот и бројната актерска екипа се сигурни дека оваа претстава премиерно штипската публика ќе може да ја види кон средината на месец ноември, вели Ката Мишева, в.д.директорка на Центарот за култура „Ацо Шопов“.

Режисер на претставата е велешанецот Александар Ивановски, сценографијата ја работи Филип Коруновски додека костимите се на Раде Василев. Улогите ги толкуваат: Владимир Тулиев, Валентина Георгиева, Марија Минчева-Андонов, Ангелка Нашкова, Пеце Ристевски, Кристина Атанасова и Ефтим Трајчов.

Наредна претстава која е планира во овој театар е „Пасивно пушење“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе