ШТИП: Ново издание на Биеналното студио на цртеж

Штип, 16.10.2019

Осуммина уметници од четири општини од источниот и југоисточниот регион со свои дела ќе учествуваат на Биеналното студио на цртеж – 2019 година.

Изложбата ќе биде отворена утре точно напладне (12,оо часот)  во изложбениот салон при Домот на културата „Ацо Шопов“.

d01_448x600-Со свои цртежи ќе се претстават: Стефанија Стојанова, Дејан Марков, Александар Иванов и Јордан Ефремов од Штип, Ана Филев од Струмица, Александра Димитрова и Марија Мицова-Гацова од Кочани и Ѓоко Антониев од Пробиштип, рече на прес конференцијата Ефтим Гегов-Гега, стручен соработник во Центарот за култура „Ацо Шопов“.

На денешната прес конференција во Домот на култура „Ацо Шопов“ беше речено дека биеналното студио на цртеж е дел од програмските активности на оваа установа од областа на културата, дека студиото има децениска традиција и дека истото е финансиски поддржано од Министерството за култура.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе