ШТИП: Нов пристапен пат до Суиталк

29.09.2018

До познатото штипско излетничко место и викенд населба Суитлак во Штип сее гради нов пристапен пат зашто стариот беше мошне руиниран. Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари увид во изградбата на патот во. Станува збор за барање од тамошните жители кое градоначалникот на Општина Штип го доби за време на разговорите и средбите со граѓаните.

 „Денеска сме во викенд населбата Суитлак каде започнавме со изградба на една од главните сообраќајни артерии овде. Оваа улица беше нотирана од граѓаните како исклучително значајна. Овде живеат голем број граѓани, а има голем број викендици во кои нивните сопственици често доаѓаат. Тие ни се пожалија дека при секој пороен дожд овој пат делумно се уништува“, рече Бочварски.

pat01Според градоначалникот во претходниот период овде се работело на изградба на нова канализациона мрежа, а од денеска е стартувано со изградба на улицата. Оваа улица е со должина од 1120 метри, а нејзината вредност е 6.400.000 денари.

„Оваа инвестиција е од буџетот на Општина Штип. Ние не ги обврзуваме луѓето да плаќаат дополнително за да им се изгради нешто, туку чувствуваме потреба дека на овие граѓани кои живеат овде треба да им обезбедиме пристапен пат и подобри услови за функционирање и за живот.

Ги слушаме и ги следиме барањата на граѓаните. Така ќе продолжиме да работиме и во иднина. Капиталните инвестиции се на прво место во Општина Штип,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе