ШТИП: Обезбедена плата за администрацијата и за ЈП „Стипион“

Штип, 09.11.2017

Штипскиот граддоначалник Благој Бочварски успеа да обезбеди плата за вработените во општинската администрација и за вработените во ЈП „Стипион“. На службениците во општина Штип платата им е пуштена денеска, а вработенте во јавното претпријатие платата ќе ја имаат во текот на утрешниот ден.

Проблеми  со исплата на платата за минатитот месец настанаа кога градоначалникот Бочварски преземајќи ја функцијата констатира дека на сметката на општината нема доволно пари за плата, и дека сметката на ЈП „Стипион“ исто така е празна, а јавното претпријатие имало и една завидна сума на пари како обврски кон деловни партнери.

„Правиме напори во едно многу брзо време да обезбедиме плата и за ЈП „Исар“. Наскоро и вработените во него ќе си го добијат тоа што си го заработиле за минатиот месец“, вели градоначалникот Благој Бочварски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе