ШТИП: Од утре наместо низ Штип ќе се вози преку заобиколницата

Штип, 17.11.2021

„Граѓаните на истокот и југоистокот, од утре попладне ќе можат да возат по нова, модерна и безбедна обиколница, без притоа да мораат да влегуваат во Штип.

pat02Со ова сообраќајот во Штип се враќа во нормала и затоа посебно сакам да им се заблагодарам на изведувачите за ефикасноста и брзината со која ја завршија оваа активност, но пред се и на граѓаните за трпението што го имаа во овој период.

После 40 години направивме реконструкција на овој патен правец за наредните години и децении, а ќе биде пред се за поголема безбедност и побрз транспорт. Покажавме решителност и волја со цел решавање на долгогодишниот проблем на граѓаните на Штип, Струмица, Радовиш и сите околни општини од источниот и југоисточниот регион.

pat03Обиколница Штип доби нов модерен изглед. Коловозот е проширен на 11,5 метри, со две коловозни ленти од 3,5 метри ширина и две ленти за застанување.

Овој проект е пример како оваа Влада ги реализира капиталните инвестиции во сите општини во државата.

Реализацијата на капиталните инвестиции во нашиот ресор се одвива со засилно темпо и очекуваме до крајот на годината да имаме одлична реализација.

Инвестирајќи во инфраструктурниот развој, инвестираме за просперитетна држава и подобри услови за сите граѓани, напиша на фб Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе