ШТИП: Петмина кандидати за градоначалничката функција, меѓу нив и Симон Поликарп, попознат како „Џими Црнецот“ по потекло од Нигерија

Штип, 08.11.2020

Тркаката за градоначалник на Штип на 13 декември кога е првиот изборен круг ќе ја трчаат дури петмина кандидати. Покрај д-р Сашко Николов, специјалист по интервентна кардиохирургија кандидат на СДСМ и коалицијата и рударскиот инженер и граѓански активист Трајчо Митев како независен кандидат кој ги собра потребните 250 потписи, кои од порано ги доставија своите кандидатури, во последниот ден во Општинската изборна комисија дојдоа уште три кандидатури/

Според изјавата на Сенка Андреева, првиот човек на на ОИК-Штип, синоќа до полноќ своите кандидатури ги доставиле и Лазар Наумов музичар од партијата ТМРО, Гоце Ангелов од коалицијата „Иднината во наши раце“ составена  од  партиите Демократи  и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија , како и најголемо изненадување кандидатот на Интегра-Македонска конзервативна партија, а тоа е Симон Поликарп, познат на штипјани како „Џими Црнецот“, роден  во Нигерија, но кој има и македонско државјанство, а живее во Штип над 35  години.

Андреева вели дека официјално овие се петмината кандидати за предвремените избори за градоначалник на Општина Штип.

Од ВМРО ДПМНЕ пред некој ден изјавија дека тие нема да учествува на овие избори и да делигира свој кандидат. Тие бараат да се одложат изборите, бидејќи здравјето на граѓаните во моментов им бил врвен приоритет.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе