ШТИП: По генералната проба учениците од Музичкото училиште заминаа за Радовиш на Новогодишен концерт

Штип, 23.12.2019

За околу 45 минути во Домот на култура „Ацо Карамнов“ во Радовиш ќе започне Новогодишниот концерт на учениците од Музичкото училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип.

По минатогодишното гостување и преполната сала Радовиш ги безецира сите концерти кои ова култно училиште ќе ги има пред Нова година во наредните десет години.

m01Денес бевме на генералната проба одржана во Домот на култура „Ацо Шопов“. Се што може да се каже – неверојатно убаво, милозвучно, магично.

На 25 (среда) во Штип ќе има два концерти. Оној од 19 часот одамна е распродаден, за концертот од 17 часот има нешто помалку од стотина слободни билети

На вас е дали ќе присуствувате на настан или ќе го пропуштите најдоброто од Штип.

И уште една вест: концертите ќе бидат завршени со едно големо име од класичната музика кое ќе свири со учениците. Ќе биде неверојатно!

(и.б.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе