ШТИП: Прва посета на шведската амбасадорка

29.03.2021

За прв пат во посета на Штип денес беше амбасадорката на Кралството Шведска Н.Е. Кристен Форсгрен Бенгстон.

Во фокусот на средбата беа екологијата, заштитата на животната средина и енергетската ефикасност, Шведска е светол пример за градење на вистински вредности.

Градоначалникот Д-р Сашко Николов истакна:

” Со амбасадорката имав пријатен и конструктивен разговор. Шведска е земја од која може многу да се научи и се согласивме да ја продлабочиме соработката. Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваме во борбата против Ковид 19 и за масовната вакцинација која започнува и кај нас. На амбасадорката и ги предочив моите видувања како ќе го решиме проблемот со социјално ранливите категории на граѓани “

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе