ШТИП: Прекрасен кинески филм, класична гитара и кларинет, уметнички слики, пуканки и сокче-се за само 100 денари во чест на свечено отворање на Џебното кино во Домот на култура „Ацо Шопов“

Штип, 15.09.2022

Вечерва во 19 часот во Штип свечено ќе биде пуштено во работа Џебното кино измислено и реализирано во креативната уметничка работилница на Домот на кујлтура „Ацо Шопов“. По пауза од 40 години вработените во Домот сами, со свој труд, а под уметничката диригентска палка на директорот Горан Трајков, ја преуредија малата сала (100 места за седење) во прекрасен кино простор на што вечерва ќе сведочат стотина штипски среќници.

Настанот започнува во 19 часот со уметничко матине. Тоа е можност присутните на свеченото отворање на џебното кино да можат да ги видат уметничките слики од депото на оваа културна установа. Сликите се дела на уметници настанати низ децениското работење и презентирани на изложби на домашни и странски уметници во ДК „Ацо Шопов“.

Музичкото дуо Иле Колев (кларинет) и Дејан Лазаревски (класична гитара) ќе настапат во музичкото интермеци, по што ќе биде прикажан кинескиот филм „Планина на смртта“ инспириран од вистински настан во најнаселената држава на светот.

Да повториме: Филм, музика, пуканки, сокче, се за само 100 денари!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе