ШТИП: Прекрасен концерт на учениците од музичкото училиште за помош на Симона

Штип, 28.10.2019

Учениците од ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“ вечерва приредија прекрасен концерт во уметничката галерија „Безистен“. Едночасовниот настап училиштето го направи приклучувајќи се кон големата хуманитарна акција „Со срце за Симона“, а во организацијата учествуваа и припадници на Општинската организација на Црвениот крст.

„Малите генијалци“, како што некој од публиката ги нарече учесниците во програмата добија големи аплаузи на отворената сцена во акустичниот безистен.Дел од нив беа придружувани од нивни професори, а дел се претставија и со оперско пеење.

-Се надеваме дека на некаков посебен начин придонесовме кон хуманата акција во која се вклучи речиси целиот град за четиригодишната Симона да може да замине на лекување во странство. Ние како училиште секогаш сме тука за вакви и слични настапи зашто со тоа се покажува единството и солидарноста на штипјани, изјави директорот м-р Горан Кавраков.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе