ШТИП: Промовиран романот на годината „Одбројување“ на Фросина Пармаковска

Штип, 20.04.2018

Во рамките на манифестацијата „Во чест на поетот“ во НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип беше промовиран романот „Одбројување“ на младата македонска писателка Фросина Пармаковска. Овој роман е прогласен за Роман на 2017 година која награда ја доделува фондацијата „Славко Јаневски“.

Промоцијата привлече поголем број главно млади луѓе кои на писателката и поставија повеќе прашања во однос на тоа како се пишува роман, дали ликовите од романот се вистински или измислени, дали од пишување во Македонија може да се живее и слично.

x02Промотор беше познатиот македонски писател м-р Трајче Кацаров кој писателката Пармаковска ја именува како нова, голема надеж во и за македонската литература и култура, а самиот роман го нарече „Дело кое задолжително мора да се прочита“.

Инаку, Фросина Пармаковска е родена 1985 година во Скопје. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за компаративна книжевност, магистрирала на Институт за македонска литература на тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“. Има објавувано во книжевни списанија, а во 2013 година го објавува романот „Пишувајќи ги изгубените топки“. Нејзин втор роман е „Вишнова хроника“ кој во 2014 година влезе во најтесниот круг за награта Роман на годината на Утрински весник.

Фросина Пармаковска живее и работи во Скопје.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе