ШТИП: Радијаторите украдени, култура само на грам!

Штип, 06.12.2017

Ако на новиот театар во македонската метропола, по само четири години од пуштање во употреба протекува од многу страни, во градовите во внатрешноста граѓаните речиси и да немааат можност, во домовите на култура, да видат квалитетен културен производ. Ова е така бидејќи во најголем број од овие установи нема греење зашто некој на време ги „здиплил“ радијаторите и другите грејни тела. Таков е случајот и во Штип.

 Никола Ристов
Никола Ристов

„Кога кон крајот на месец август, кога го превзедов раководењето со Центарот за клтура во Штип, наидов на исклучени телефони, интернет но и на долгови од два милиони денари. Но, тоа не беше се. Наидов и на неможноста квалитетно да ја грееме установата, а посебно големата сала со 616 седишта. Тоа е така бидејќи пред пет години, во време кога било вршено реновирање на Домот на култура „Ацо Шопов“, од него биле однесени сите радијатори. Кој, кога, каде, како, зошто – досега нема одговор. За да ја загреме големата сала треба да користиме струја, а тоа за нас е страшно голем трошок,“, вели Никола Ристов, в.д.директор.

Во Штип, и покрај лошата состојба со греењето, има гаранција  дека ќе бидат одржани традиционалните предновогодишни концерти на КУД „Блажо Донев-Учителот“ за кои влезниците се распродаваат за половина час, традиционалниот концерт на Средното музичко училиште „Серѓеј Михајлов“ и Новогодишната претстава за деца како проект на Центарот за култура. И овие концерти ја исполнуваат големата сала до последното седиште.

Пред пет години, во време кога било вршено реновирање на Домот на култура „Ацо Шопов“, од него биле однесени сите радијатори. Од тогаш нема грење, нема квалитетен културен производ. До крајот на 2017 штипјани ќе ги видат само традиционалните предновогодишни концерти на КУД „Ристо Донев-Учителот“, на Музичкото училиште „Сергеј Михајлов“ и Новогодишната претстава за деца.

„Ќе најдеме начин да ја загрееме салата на едно пристојно ниво. Тоа се традиционални предновогодишни концерти од кои немаме право да се откажеме. Од Министерството за култура добивме пари за струја и за вода, но тие не стигнуваат за да ги подмириме сите наши долгови. Потребни ни се околу 30.000 евра за само да можеме полесно да дишиме“, вели директорот Ристов.

Концерт на Музичкото училиште
Концерт на Музичкото училиште

Дел од штипскиот Центар за култура е и Народниот театар каде грејните тела си се на место. Ристов вели дека штипјани пред Нова година, во театарот, ќе можат да ја видат претставата „Умри машки“ во режија на Коле Ангеловски со Милорад Ангелов, Душица Тренева и Ефтим Трајчов како актери.

Во однос на греењето во зимскиот период, има идеја на целиот кров на Домот на култура да се инсталираат фотоволтаици со што оваа институција сама ќе си обезбедува струја за сите свои потреби, а преку зимо сите делови ќе бидат убаво затоплени. За евентуална реализација на оваа идеја потребен е ангажман и на Министерството за култура кое може да се потпре на европски грантови кои ги има кога е во прашање искористување на обновливата енергија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе