ШТИП: Садови за одлагање на електрична и електронска опрема во училиштата

Штип, 28.03.2019

Согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу колективниот постапувач за електрична и електронска опрема и отпадни мали преносни батерии, друштвото за управување со отпад „Елколект“ ДОО Скопје и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски преку раководителката на сектор образование, лер и јавни дејности Билјана Казанџиска, вчера и денеска се поставија садови за одлагање на електрична и електронска опрема во самите училишта.

Во секое училиште ќе биде организирано едукативни настани и организирано собирање на електрична и електронска опрема и истата ќе биде предадена на фирмата „Елколект“ ДОО Скопје, со цел за поздрава животна средина во општина Штип.

Локалната самоуправа ќе продолжи да се залага за почиста и поздрава средина. Општина Штип ќе продолжи да соработува и да учествува во настани и активности кои ја подигаат свеста на граѓаните за животната средина.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе